Бидете патриоти, раѓајте деца? Еве одма!
А минимална плата да покачевте? Не можело, не било предвидено, нека се договорат синдикатите со работодавачите…. Со 25 илјади минималец ни родителот не може да преживее, а камоли уште 3 или 5 деца!
А цените на пазарот да ги регулиравте? Нe можело ни тоа, пазар било, конкуренција, бла бла. Секој ден нови поскапувања! Со што ќе ги раниме децата, со леб и сол?
А цената на становите да ја намалевте? И тоа не може, пошто пола функционери имаат градежни фирми, а другата половина се финансира од градежните фирми! Со 2000 евра квадрат ниеден млад пар не може стан да си дозволи! И? Кај ќе ги одгледуваме децата што сакате патриотски да ги раѓаме, на улица?
Вие да живеете со 25 илјади у стан од 40 квадрати сосе родителите, ќе ве видам колкави патриоти ќе бидете! Лопови и преваранти! Вие ќе ни продавате патриотизам, со преполни џебови и надуени стомаци од аздис и изобилие! Море мрш у бестрага!
ФБ став на Калина Коси