Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку, толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески, кој е познат како десна рака на Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, потоа негов заменик.
Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот “Скопје 2014″ се потрошија една милјарда евра, пари на народот и ” кога немавме леб купувавме чоколади”.
Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој.
Во негово време се склучи и коруптивниот договор со кинеската компанија СИНОХИДРО, од која зедоа близу 30 милјони евра мито.
П.с.
Познат е и по случајот кога беше на власт, поради непозната адреса, поштата не можеше да му ја врачи поканата за да се јави на суд.
24. 06. 2024
ФБ став на поранешниот министер за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини