Секогаш кога ќе се прави обид за исчекор во насока на обезбедување на целосна рамноправност на Албанците во Македонија се јавуваат сеништата на оние кои тоа го доживуваат како загрозување на правата на Македонците, како сигурен знак за федерализација, кантонизација и распад на Македонија. Тие сеништа од 90тите години кои ги слушавме и кога се формираа универзитети на Албански јазик и се истакнуваа знамињата на други етнички заедници доведоа до големиот етнички конфликт во 2001 година.
Време е Македонија да сврти друг лист. Секој граѓанин на Македонија има исти јазични права и точка. Ако сакаме граѓански концепт а не национална држава со газди и кираџии.
Ѓорѓи Спасов