Трет ден од тестирањето на SafeCity v1.0B.
Додека сите драмат за 51-60 km/h, на никој не му текна да мери потрошувачка на гориво, а?
Е па, вака:
Од просечни 6l/100 km, отидов на просечни 8,5l/100 km.
Во превод: ако во работна недела проаѓаш 100 km, тоа ќе те чини 2,5 литри гориво повеќе. На месечно ниво – 10 литри.
Ако сеуште не ви светнала сијаличката, тоа се 10 литри гориво повеќе од СЕКОЕ возило. Согорени.
Во 2024 во Скопје имало скоро 200.000 регистрирани возила. Оние што не се на скопски таблички се бонус!
Бенефит од Safe City:
● 700-800 денари месечно повеќе за гориво (помножи со 200.000, види акциза.).
● Просечно време од точка А до точка Б се зголеми за 30%
● нервозата кај возачите се зголежи за 300%
● Храброста кај пешаците се згплеми за 500% (онака, си одат нога пред нога на пешачки и те гледаат у очи, као “Сејф Сити мадафака…”
● Воздухот е почист за дополнителни 90.000 литри согорено гориво ДНЕВНО
Е сега, домашно по математика:
Ако оние 65.000 прекршоци во еден ден – се намалат 10 пати, и ако се земе предвид акцизата на 90.000 литри дополнително потрошено гориво во тој ден – колку папаја може да купи владата од Нова Година до Божиќ користејќи ги само тие буџетски приходи?
ФБ став на Александар Гестаковски
