Бачовска: Во 2020 да го намалиме ЛИЦЕМЕРИЕТО И ДВОЈНИОТ МОРАЛ

Во 2020 да го намалиме ЛИЦЕМЕРИЕТО И ДВОЈНИОТ МОРАЛ, кои во нашето општество виреат прво во семејствата, па потоа се рефлектираат и на општествено ниво и ја намалуваат општествената одговорност, го намалуваат интегритетот на институциите, политичарите, бизнисмените докторите, професорите, па и свештениците, на сите. Точно е тоа дека лицемерието и двојниот морал се човечки особини, но во демографско мали општества, како нашето, и плус ‘вечно’ транзициско стануваат системска карактеристика. Многу нобеловци за литература, ја добиле оваа награда токму заради тоа што ги откриваат овие аномалии кои потекнуваат од човекот и го рушат општото добро. Неможеме да имаме функционална држава, ако немаме добро општество т. е чесен човек кој го сака другиот и се однесува исправно според правилата – не само правни, туку пред се морални (исправност и човекољубие – Конфучие). Среќна нова 2020. 

ФБ статус на Јасна Бачовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e