БЕЗ ТРОШКА ЧУВСТВО ЗА СРАМ И ОДГОВОРНОСТ ПРЕД НАРОДОТ!
Деновиве читам по медиумите како новите градоначалници веднаш почнале со градење, асфалтирање, осветлување и други инвестиции без трошка срам како си ги присвојуват туѓите работи и заслуги.
Само да потсетам дека за да се реализираат капитални инвестиции пред се треба во советот на општината да донесете програма, обезбедете финансии во буџетот, распишете тендер и склучите договор со изведувачот на работите. Сето тоа не е возможно да го направите за толку краток временски период, ако се има предвид дека во општините се одржаа само конституитивни седници на советите. Ниту една друга точка на советите, а да не збориме за програми, буџети и тн.
Зарем градоначалниците мислат дека народот е глупав и незнае ништо???
ФБ статус на Зоран Атанасов