Една искусна и многу почитувана правничка некни ми го претстави своето размислување за моделот на амнестија што би можел да се примени во Македонија. Тоа, отприлика, би одело вака:
Прво, судењето за 27 април да се дотера до својот логичен, правен крај, барем на ниво на првични судски пресуди. Тоа, секако, ќе потрае уште неколку месеци, најверојатно до претседателските избори идната пролет. Тогаш, како резултат на поширок политички консензус за „национално помирување“, новоизбраниот претседател (откако претседателски и формално ќе се „упокои“ Иванов) би можел да покрене постапка за помилување на осудените и тоа само на оние кои „соработувале со правдата“, кои ги признале делата за кои Обвинителството има доволно докази против нив, а кои помогнале и во комплетирањето на целата слика за инспирацијата, организацијата и спроведувањето на планот за државен удар пролетта 2017 г.
За оние кои ќе се докаже дека стојат на чело на тој опасен заговор (вклучително и инстанци што сè уште не се обвинети во процесот за 27 април), помилувања не би имало. Впрочем, новиот претседател на државата и онака мора да направи поединечни, поименични акти на помилување, со образложение за секого од осудените кој ќе се најде опфатен во оваа политичка иницијатива.
Колумната на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа во целост прочитајте ја ТУКА.