Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Катерина Блажевска за Призма:
-Прва официјална посета, симпатичен „излет“ од протоколот заради самослик, потпишани десетици важни договори, искрени насмевки, срдечни ракувања, визии за иднината и пораки за пријателство… Она што го украде потенцијалниот автентичен дух на oваа историска средба (барем, кога станува збор за двајца атипични политичари), е сатницата и протоколот со сета нивна машинерија за вкалапување на настанот според „план и програма“.
И сѐ ќе изгледаше премногу формално, да не беше самосликот и неколкуте ТВ-инсерти од влегувањето на Ципрас во кабинетот на Заев, каде што го пречекаа знамињата на двете земји, со поглед кон премиерската работна маса и телефонот, кој веројатно чува дел од тајните за тешкиот пат до конечното решение на спорот. Експресијата во тие неколку секунди беше своевидна куса реминисценција на многуте поминати сцили и харибди за да се стигне до успешен договор.
Но, она што од заднина ѝ даде посебен дух на посетата, беше гестот на Перистера (Бети) Базијана, сопругата на Ципрас (од аспект на нивната семејна хармонија тотално ирелевантно е потенцирањето дали е венчана или невенчана сопруга), која положи цвеќе на гробот на Јоргос (Георгиос) Зорба, човекот кој беше инспирација за роман на грчкиот писател Никос Казанѕакис.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.