Белград сфаќа дека владата на Заев ќе води самостојна политика, а Скопје, верувам, ќе сфати дека треба да ги држи под контрола рестловите на режимот на Груевски, кои сè уште можат да нанесат големи штети.
Пишува Бранко Героски за Слободен печат
Од друга страна, не му верувам на кабинетот на претседателот Иванов, кога вели дека Живаљевиќ не побарал дозвола, туку „по завршување на дејствијата и активностите во Собранието“, испратил пораки до лица вработени во институциите, меѓу кои и до советникот Алексовски, наводно „со цел да обезбеди алиби и да ја намали одговорноста за своето постапување“.
Моите скудни информации, но сепак од добро известени извори, се дека Живаљевиќ сепак не лаже. Сосема друго прашање е зошто луѓе што немале овластувања да му даваат „дозвола“ за вакви непотребни активности на претставникот на српската безбедносна служба го направиле тоа и за чија сметка. А сосема трето прашање, пак, е дали Живаљевиќ воопшто требало да се впушта во таква авантура.
Јас мислам дека навистина се преземени активности со цел да се обезбеди алиби, но не за Српската амбасада и за нејзиниот безбедњак, туку за македонските пучисти, за советникот на претседателот Иванов и за некои структури во македонската Агенција за разузнавање, кои биле директни или посредни учесници во обидот за преврат на 27 април. За тоа, овде во Скопје, мора сериозно да разговараме.
Македонија и Србија веќе ја надминуваат дипломатската криза и брзо ќе воспостават подобри односи. Поинаку не може и не смее да биде. Белград сфаќа дека владата на Заев ќе води самостојна политика, а Скопје, верувам, ќе сфати дека треба да ги држи под контрола рестловите на режимот на Груевски, кои сè уште можат да нанесат големи штети.