Се размислував неделава да напишам неколку нешта за тоа што го преживуваме сите деновиве, но се’ некако се воздржував, не сакајќи да придонесувам кон шумот на сеопшта пролиферација на информации од кои некои беа далеку побитни од било чие мислење. Денес е моментот:
– Пред неколку дена повеќе светски здравствени центри, научни тимови што се занимаваат со моделирање и data-science прецизно предвидоа дека што поскоро се спроведат мерки на социјално ограничување, толку помали ќе бидат ефектите од ширењето на корона-вирусот. Тимот во министерство за здравство ги направи сите паметни чекори што требаше да се направат и тоа предвреме, веројатно свесни за капацитетите со кои располага земјава. И затоа ги заслужуваат сите пофалби, од знаење и применување на знаењето, а не од причина како што некои мислат или ги доживуваат нивните одлуки како “цврста рака” или сл.;
– Како научник што во својата кариера раководел со микробиолошка лабораторија, можам да кажам дека вирусов е исклучително вирулентен (во Јапонија минатата недела имаше двајца потврдени пациенти што го добиле вирусот по вторпат откако еднаш го прележале). За споредба, на секојдневен говор кажано – обичниот грип има вирулентност од еднаш во година (затоа и постојат сезонски вакцини за грип-еднаш во годината). Корона (ако се појават и други случаи како јапонските) има теоретска реинфекција во рок од 2-3 недели, што во превод е огромна вирулентност, нешто како десеткратно поголема од обичниот грип;
– Луѓето што се’ уште мислат дека е ова обичен грип или некаков “SVECKI ZAGOVOR PROTIF MAKEDONIA” си ги зголемуваат експоненцијално шансите да бидат жртви на природната селекција и искрено повеќе не може да се има разбирање за нивната неинформираност;
– Луѓето што се шетаат ноншалантно, си излегуваат на кафе, си ги шетаат децата “ЛАБАВО”, си прават журки на Водно ги доживувам како групата од стотина луѓе што стоеле на мостот во Припјат во 1986 и уживале во “спектаклот” на експлозијата во Чернобил. Сите што гледале документарци за хаваријата знаат како завршиле;
– Забележувам од мреживе дека веќе се појавуваат први знаци на паника, на клаустрофобија, на анксиозност, ама мораме да издржиме за доброто на сите. Ќе излеземе сите заедно посилни после ова;
-За крај секоја чест за волјата и духот на Италијанците што вчера ги гледав како пеат од прозори. Само така се гради здраво општество во овие многу тешки моменти.
ФБ статус на Виктор Алексовски