Ако направиме споредба меѓу бившите и сегашните…

Јавните настапи и постапките на новите министри, со сите маани, покажуваат дека Македонија во моментов ја водат пред се луѓе од крв и месо. Ако направиме споредба меѓу бившите и сегашните има една и најважна разлика – првите беа зомби, секогаш антипатични и морбидни (од првото до последното појавување), додека сегашните се луѓе. Би додала, вака за почеток, дека кај нив преовладува искреност и транспаренстност, но и голем ентузијазам навистина да биде подобро за сите граѓани. Во таа насока би ги издвоила, Дескоска, Царовска, Тевдовски, Таравари. Да, неумесно е да се фали влада (власт), но после сите години материјална и духовна мизерија, треба да си дадеме фора. И секако да останеме будни.

Синоличка Трпкова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e