Макрадули за инцидентот во Виница: Ист дрес на насилникот, активист со број 9 на него

Сакав да пишувам за првите денови од изборната трка и, како што и претпоставив, кампањата за локалните избори најмалку се фокусира на решенијата за реалните потреби на граѓаните.
Тргнав да коментирам за безличната, да бидам искрен за чудо, кампања на ВМРО-ДПМНЕ, но ме пресретнаа ветувањата на голем број кандидати, особено другари на Премиерот. Ветувања со кои се откажуваат од своите ингеренции и ветуваат јавни претпријатија, за сѐ и сешто, односно, систем за нови вработувања, кои со новите управни и надзорни одбори само ќе бидат товар на општината. Но, анализата ми ја прекина спотот каде истиот тој кандидат се шета со министерот за внатрешни работи, што секако не е согласно правилата на Изборниот законик и ДКСК правилниците, ама не сум сигурен дали ДКСК и постои.
Дополнителната анализа ми ја прекина видео каде кандидат, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ, “дели правда” на фудбалски терен, ама во цивил. Но, коментарот не се ни напиша, кога нов инцидент. Овој пат во друга општина, во Виница, ама ист дрес на насилникот, активист со број 9 на него.
Тука улета и епизода на трансформерс, каде од лажните солзи во Кочани, караванот на ВМРО-ДПМНЕ се фати за оро во Зрновци.
И, кога заклучуваме за забеганоста и злоупотребите од умислената власт, ете нова вест: За Премиерот, тежок муабет. Според презентираните изводи, тој си земал пари од партија, поточно работел за плата. Навистина, има ли крај?!
П.С. Ќе коментирав и за статусите и постовите на функционери од СДСМ, ама не успеав да најдам многу…
ФБ став на Јани Макрадули 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e