ВМРО-ДПМНЕ стратешки се позиционира за да може подобро да го опструира Парламентот. Ќе направеле 10 пратенички групи со по 5-6 пратеници секоја за да можеле повеќе да зборуваат. И добро, кога шефот на една вмровска пратеничка група (ВМРО-1) ќе каже нешто различно од шефот на друга (ВМРО-2), кој од нив уствари зборува во име на партијата?
Ова не сум го видел. Да користиш дупки во правен акт (деловник) за да можеш да се позиционираш за да го опструираш законодавниот дом. Конститутивната седница за нив очигледно не е завршена.
Ама добро. Така охрабруваат сецесионизам во партијата и микро фракции. Што еден ден ќе им се удри од глава.
Фејсбук статус на Владимир Петревски