Зошто родителите на Тоше нема да дојдат на концертот?

Каролина Гочева и сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се македонските изведувачи кои ќе настапат на концертот посветен на Тоше Проески закажан на 2 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“.
На концертот ќе биде промовиран и албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови.

Доминика и Никола Проески, родители на легендарната музичка ѕвезда Тоше, нема да присуствуваат на големиот концерт во негова чест.

Ниту тоа што на настанот ќе настапи и нивниот внук од ќерка, Кристијан Ристески, со песната ,,We are blood”, не успеало да им помогне на родителите да соберат сили и да се појават на концертот. И по единаесет години од трагедијата, тие остануваат да живеат повлечен живот, подалеку од очите на јавноста.

Веста дека родителите на Тоше нема да присуствуваат на концертот ја потврди и Славен Ристески, сопругот на Дора, постарата сестра на Тоше. Вели дека и покрај тоа што ќе настапи нивниот внук Кристијан, нема да дојдат, бидејќи им е премногу тешко. Годините кои што изминале се нешто сосема занемарливо кога е нивната тага во прашање и ништо не може да им ја ублажи болката по изгубениот син. Додека беше жив, Тоше често истакнуваше дека семејството му е најважно и како е многу приврзан со родителите.

Како што пишувавме и претходно на големиот концерт во чест на Тоше, во петок, ќе биде промовиран албумот ,,Secret place” со нови, необјавени песни. Дел од стиховите на песната на англиски јазик, која ќе ја отпее Кристијан се следните: Си замина како војник одејќи во војна, слушнав шепот, ми рекоа дека си отишол. Јас сѐ уште те барам на твоето тајно место, иако знам дека не си таму. Знам дека ме браниш од небото, ние сме крв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e