Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ го претстави постерот за својата прва филмска улога.
41 годишниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ следната година ќе го има своето филмско деби.
Популарниот Ибра ќе глуми во француската комедија „Астерикс и Обеликс: Средното Кралство“ и ќе го толкува ликот наречен „Антивирус“.
Премиерата на филмот, во режија на Гијом Кане, се очекува во 2023 година.
Заедно со Ибрахимовиќ улоги во споменатиот филм ќе играат и познати актери како Винсент Касел и Марион Котијар.