Жељко Јоксимовиќ проговори за немаштијата во која живеел со родителите

Жељко Јоксимовиќ денес е еден од најпознатите музичари на Балканот, сопруг на водителката Јована Јоксимовиќ и татко на четири деца – ќерката Мина од првиот брак, синот Коста и близначките Ана и Срна.

Тој во разговорот за еден познат весник откри дека неговите почетоци не биле толку лесни, земајќи предвид дека морал да поднесе голем број жртви за да се школува и да ја изгради успешната кариера.

 

На почетокот ми беше навистина тешко, од немаштијата во која живеевме до фактот што многу млад замнав од дома за да се школовам. Тешко е кога работите во вечерни часови, па мора да бидете будни цела ноќ“, изјави популарниот пејач.

Меѓутоа, сега работите се значително поинакви…

Секоја работа бара жртва и откажувања. Мислам дека не правев големи компромиси во таа смисла. Го следев својот пат и се трудев работата да не ми биде господар, туку обратно“, изјави Жељко, и додаде:

Секогаш кога ќе забележев дека станувам жртва на она што го работам, се откажував и се повлекував. Сакам баланс во секој аспект, на работа, во семејството, во животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e