По лошата разделба со Пике, се чини дека Шакира повторно ја најде среќата во љубовта. Во април годинава, таа се пресели со нејзините деца во Барселона, каде што ја покажа нејзината среќа.
Имено, во Барселона се одржа трката за ГП на Шпанија, а популарната пејачка беше во боксот на Мерцедес од каде со големо нетрпение ја следеше трката.
Атрактивната колумбиска пејачка камерите ја фатија во неколку наврати, а таа самата се пофали со фотографија од патеката на својот Инстаграм.
„Убаво е што се вратив во Барселона“, напиша таа, по што следеа лавина коментари од нејзините следбеници.
„Смени Твинго за Формула 1! Браво, така треба“, „За Твинго зема Мерцедес, честитки“, „ Преубава си Шакира“, „Убаво е повторно да те видиме насмеана“, се само дел од коментарите.
Lewis with Shakira and friends at a restaurant tonight#SpanishGP pic.twitter.com/p4me8mjjgB
— Sir Lewis Updates (@LH44updates) June 4, 2023