На локација во Сараево почна снимањето на серија, посветена на легендарниот пејач Тома Здравковиќ , откако филмот Тома доживеа огромен успех во регионот.
Српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ откри дека во тек е снимањето на серијата „Тома“. Откако истоимениот филм за легендарниот фолкер Тома Здравковиќ ја воодушеви публиката во регионот, на ред дојде серијата, а беа објавени и првите фотографии од сетот во Башчаршија.
Актерот Милан Мариќ, кој го толкува ликот на Тома, беше ’барана роба’ на сетот и сите сакаа да се фотографираат со него. Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, серијата ќе има 10 епизоди.
Како и во филмот, улогата на Силвана Арменулиќ ќе ја толкува Тамара Драгичевиќ, а ќе учествуваат и Петар Бенчина, Мирјана Карановиќ, Андрија Кузмановиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ и други.