Премиерата на филмот “Ocean’s 8” е одржана во Њујорк, а главните актерки биле вистински диви, достојни за овој голем настан.
Во поглед на изборот на тоалети на секоја од актерките, мислењата биле поделени, а ние оставаме самите да одлучите што мислите за овие креации.
Американската миленичка избрала фустан во неутрална боја на познатиот либански дизајнер Ели Сааб. Долгиот фустан бил украсен со перја, светки и прозрачен тил, а Булок го надополнила изгледот со нежен накит и неутрална шминка.


Ен Хатавеј се определила за потполно несекојдневна креација со потпис на Жан Пол Готје, кој инспирацијата за овој фустан ја пронашол во африканската култура. Фустанот се состои од бел топ со околувратник и долго, широко здолниште. Од накит се одлучила за златни обетки и прстени, а носела и елегантна црна писмо-чанта.


Најмногу коментари убедливо предизвикал фустанот на Ријана. Овој модел со потпис на Живенши е осмислен да изгледа како цвет од кала кој се обвиткува околу телото од светкав материјал со виолетова боја. Изгледот го надополнила со чанта во слична боја и впечатлив светкав накит. Изборот на шминка исто така бил храбар, со оглед на тоа што бојата на карминот е во нијанса со креацијата.


И за крај, тука е Кејт Бланшет. Како и за последните неколку изданија на црвениот тепих, така Кејт и овој пат се одлучила за одело кој е хит оваа сезона. Светкавиот комплет е креација на Мисони, а истиот Бланшет го надополнила со златни салонки, минималистички накит и нежна шминка.

