Српската пејачка Александра Пријовиќ или по ново Живојиновиќ, редовно ги полни рубриките и страниците на порталите и таблоидните магазини во регионот.
Свадбата помина, а деновиве топ тема е нејзината бременост.
Пријовиќ е во вториот месец од бременоста, а периодов се опушта на плажа на црногорското приморје.
Инаку, иако медиумите пишуваа дека е бремена веднаш по свадбата, таа негираше на ваквата вест, која сепак излезе вистинита.