Вирално видео: Хари Стајлс фатен во страствен бакнеж со фаталната Емили Ратајковски

Британскиот тинејџерски идол Хари Стајлс се чини дека го преболел неодамнешниот распад на неговата двегодишна врска со актерката и режисерка Оливија Вајлд. Поранешниот член на бој бендот One Direction минатата недела настапи во Токио во рамките на неговата „Love on Tour“ турнеја, а друштво му правеше и фаталната манекенка Емили Ратајковски.

Дејли мејл го доби видеото на кое се гледа како Стајлс и Емили страсно танцуваат заедно на забавата, а потоа се кријат зад комбе за да споделат страстен бакнеж. Неуморно се бакнуваа на улица, не грижејќи се за дождот или минувачите кои ги гледаа.

Инаку, веќе извесно време се шушка дека Хари има нова девојка, што за Мирор го потврдил и извор од неговиот круг на пријатели. “Хари се гледа со некого. Ќе се потруди нејзиниот идентитет да остане во тајност по циркусот околу неговата врска со Оливија. Но, сите во неговиот близок круг знаат за романсата. Иако се уште е рано, работите изгледаат добро. “, сподели тој.

Емили исто така е сингл, а откако минатото лето поднесе барање за развод од Себастијан Бер-МекКлард, странските медиуми ја поврзуваа со многу познати згодни мажи како Бред Пит и Пит Дејвидсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e