Спотот е снимен во Лисабон, Португалија во амбиент што ја отсликува песната. Музиката и текстот е на Мирослав Рус , а режијата на спотот е на Александар Керекеш.
,, Имав идеја спотот да се сними во Лисабон , еден од најубавите поморски градови во Европа . Жанрот на песната е еден вид салса , асоцира на фадо и на латино музика” , открива Чолиќ.
Легендарниот шармер во спотот има улога на фотограф , кој шетајќи по улиците на Лисабон прави колаж од најдобрите фотографии.