(ВИДЕО) Вака звучи кога Новак Ѓоковиќ ќе засвири на клавир

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ покрај со тенискиот рекет одлично се „снаоѓа“ и на клавир.

На социојалните мрежи е објавено интересно видео на кое може да се видат најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ и една од најдобрите светски пијанистки Лола Астанова како свират клавир.
Но, Ноле со ова видео всушност сакал само да се пошегува со своите фанови и да им покаже дека одлично свири клавир. Популарниот тенисер сепак на крајот открива дека виртуозот кој се слуша на клавир е всушност пијанистката со волшебни прсти Лола Асанова.

Атрактивната пијанистка досега неколку пати јавно го поддржала Ѓоковиќ и навела дека им се воодушевува на неговите успеси. Ноле пак како вистински џентлмен во секиоја прилика истакнува дека е восхитен од нејзиното свирење на клавир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e