(ВИДЕО) Таа е чудо од дете-12 годишна прилепчанка ги освои сите во Пинкови Ѕвездички

Марија Костоска е 12-годишно девојче од Прилеп кое  со познатиот хит на Каролина Гочева, „Не се враќаш“, ги освои симпатиите и на жирито и на публиката во четвртата епизода на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“.

За одличната изведба таа ги доби сите пет гласа од жирито, кое прокоментира дека ова не е детско, туку сериозно пеење.

– Ова е петка затоа што не е детско пеење. Ова е сериозно пеење, не е зезање. Мојата ќерка ја обожава оваа песна, така што на неа и ја посветувам оваа емисија, коментираше Гоца Тржан.

Јелена Томашевиќ се надоврза на пофалбите:

-Вие ни поставивте високи стандарди. Можеби некој ќе рече вака не пеат ни возрасни. Но, затоа вие сте „вундеркид“.

Настапот на талентираната прилепчанка погледнете го во продолжение.

Уживајте!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e