(ВИДЕО) Слушнете ги новите две песни на Анастасија Ражнатовиќ „Извини“ и „Готово“

Младата музичка sвезда Анастасија Ражнатовиќ на 25.05 го прослави својот 23-ти роденден и тоа беше причината што ја воодушеви публиката со дури две нови песни.

Песните „Извини“ и „Готово“ ја видоа светлината на денот.

Анастасија можеме да ја видиме во две изданија, Првото е како Шерон Стоун од познатиот филм „Ниски страсти“, додека второто е видео во тинејџерски стил. Од самиот почеток на креацијата, Анастасија вредно учествуваше во сè, и се грижеше за секој детал, од снимањето на песната, до реализацијата на спотовите.

„Готово“ е снимен минатата година, а „Извини“ е создаден пред само неколку недели.

Она што е интересно е дека видеото „Готово“ е снимено во Белата палата.

Од друга страна, Анастасија е автор на текстот за песната „Готово“, додека музиката ја работеше Теодора Павловска, попозната како Теја Дора.

Вуксан Билановиќ работеше на текстот и музиката за песната „Извини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e