Пејачката Кристина Агилера објави нов спот за нејзиниот хит „Beautiful“.
Текстот на оваа нумера стара 20 години е за тоа колку „сите сме убави, без разлика што велат другите“ и дека не треба да дозволиме „туѓите зборови да нè растажат“.
Кристина во тоа време сними и спот за оваа песна, кој го посвети на геј и транс луѓето, како и на сите оние кои се плашат да бидат тоа што се бидејќи се плашат од судот на околината.
По две децении, многу се промени, но се уште има предрасуди и осуди, а многу луѓе се уште се обидуваат да се претстават во поинакво светло, за да ги исполнат туѓите очекувања.
Во новиот спот за песната „Beautiful“ гледаме девојки нашминкани кои постојано гледаат во мобилните телефони, луѓе кои напорно вежбаат за да изгледаат како „стандардите на убавината“, девојки кои се оперираат и се шминкаат да изгледаат исто и многу други ситуации кои ја покажуваат нашата тажна реалност.
