Пејачката Симона Поповска сними нов видео запис за “Ти си моја победа“ и тоа за прв пат со кадри од родниот Охрид. Летниот хит кој го промовираше минатиот месец е во сосема поразличен стил од преtходните песни чие комплетно авторско дело е на Роберт Билбилов.
За изработка и реализација на видеото се погрижи Андреј Ѓоргиевски, снимен е на три локации, од кои главната во Охрид на плажа, на Галичица и во Скопје. Спотот изобилува со летни и помалку жешки сцени, затоа што и песната со нејзиниот стил го бара тоа.
Следно во најава што може да се очекува од Симона е уште една нова песна со Ерик Фокс која за скоро време ќе биде промовирана со видео запис.