Руска мисица не знаеше кој е главен град на Романија. Пред нешто помалку од еден месец 25-годишната Анџелина Бреженскаја ја освои титулата Мис Москва. Таа гостуваше во популарната емисија на Павел Воља.
Воља ја праша дали е расположена за неколку „блиц“ прашања, по што следеа првите проблеми. Кога водителот побара таа да го именува главниот град на Романија, Бреженкаја одговори дека тоа е Босна и Херцеговина.