(ВИДЕО) Ријана ја објави новата песна

По шестгодишна пауза Ријана објави нова песна насловена „Lift Me Up“.

Песната е снимена за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ кој следниот месец ќе почне да се прикажува во кината во САД.

Се истиот филм се очекува Ријана да сними уште една песна.

Пејачката својот последен албум го објави во 2016 година, по што одлучи да направи пауза од музиката и да се посвети на колекцијата шминки и долна облека.

Минатиот месец НФЛ најави дека Ријана ќе настапи на полувремето на Супер боул 2023 година.

За потсетување, пејачката и раперот АСАП Роки во мај станаа родители на момче чие име се уште не го открија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e