(ВИДЕО) И познатите личности гласаа на референдумот

Ден кој решава за иднината на Македонија и го одредува патот по кој земјава ќе се движи. Крајната одлука денеска ја донесоа граѓаните на Република Македонија.

Пред две недели повик за искористување на своето граѓанско право, упатија и многумина од јавните личности кои се огласија за нивната одлука на овој референдум.

Имено, во видеото за кампањата „Излези ЗА Европска Македонија“ поддршка дадоа Владо Јаневски, Тамара Тодевска, Виолета Томовска, Бени Нон-стоп, Златко Ориѓански и уште многѕ други. Исто така, својот став јавно преку социјалните мрежи го искажаа личности кои не се дел од видеото како Катарина Ивановска, Лила Филиповска, Роберт Билбилов…

Над 1.800.000 граѓани со право на глас денеска имаа можност да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Ова е втор пат во својата историја, граѓаните на Република Македонија преку референдум да се изјаснат околу иднината на својата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e