Jа паметите онаа малата Мартија која на регионалното шоу за таленти „Пинкви ѕвездички“ направи да се чувстуваме горди што Македонија поседува талент со вонсериски вокални способности. Токму таа истата Мартија кога се појави за прв пат во 2015 година, вчеравечер го промовираше нејзиниот најнов видео запис и песна која носи наслов „Те сакам“. Во обраќањето на нејзината промоција таа имаше и емотивна порака до нејзината мајка, а тоа со причина бидејќи песната ја посветува на нејзината мајка.
Музиката, аранжманот и текстот се на Александар Масевски, кој вели чест е да се работи со млади и талентирани изведувачи, кои знаат што сакаат и крајниот продукт да биде поразличен од останатите, додека пак спотот е работен со Огнен Шапковски.
Мартија талентот го покажа на „Пинкови ѕвездички“, а го потврди на Детската евровизија во 2016 –та година. Со нејзината „Те сакам“ само покажува дека е доволно зрела, цврсто да застане на нозе и сериозно да нурне во музичките води.