По цели 18 години откако излезе песната „Опасно“, испеана од Елвир Мекиќ и Маја Саздановска, конечно доби спот. Музиката е на Јован Јованов, а текстот го напиша Мекиќ.
„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов-Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но, бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ‘Опасно’“, објасни Мекиќ.
