Ана Николиќ неодамна настапи во Нови Сад каде што ѝ се случи голема незгодна на сцената.
Популарната пејачка од организаторите добила посебен апартман и побарала постојано да ѝ се носат енергетски напивки за да се „крене“. Но и покрај тоа, таа се спушти, и тоа буквално!
Имено, додека изведуваше еден од своите хитови, пејачката падна, а еден обожавател ја сними со мобилниот телефон.
Смешното видео популарната пејачка го нарече „победа над Лепа Брена“, која е позната по многубројните незгоди на сцената.