(ВИДЕО) Пејачката продолжува да шокира: Им дозволила на фановите на концертот да ја допираат по интимните делови

Младата ѕвезда имала многу шокантен настап со кој разочара голем број од нејзините фанови.

Денешните ѕвезди се подготвени да направат сè само за да се најдат во центарот на вниманието на јавноста. Еден од најдобрите примери за тоа е 23 – годишната пејачка Мајли Сајрус.

Имено, некогашната ѕвезда на Дизни која ја запознавме како Хана Монтана, шокираше со снимката од нејзиниот концерт на која се гледа како им допушта (и ги поттикнува) своите фанови да ја допираат по градите и меѓуножјето.

Иако младата ѕвезда воопшто не е срамежлива, овој нејзин потег ги воодушевил присутните на концертот што јасно може да се види на видеото додека се обидувале да ја допрат.

hana-montana

Сепак, голем број на нејзини обожаватели кои го погледнале видеото на социјалните мрежи воопшто не биле воодушевени од овој нејзин шокантен настап. Се чини дека овој пат Мајли Сајрус навистина отиде предалеку со своето дегутантно однесување.

Тешко е да се открие што ја натерало некогашната миленичка на тинејџерите вака развратно да го одработи нејзиниот настап, но ако ова е нејзиниот начин за да си ја зголеми популарноста, тогаш навистина го одбрала најбизарниот начин за тоа.

Исто така, Мајли Сајрус неодамна шокираше и со својата изјава дека е пансексуалка, односно, дека полот и родниот идентитет не ѝ се важни при изборот на партнер.

Се прашуваме каде исчезна симпатичната Хана Монтана која пред неколку години претставуваше идол и пример на многу девојчиња во светот…

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e