(ВИДЕО) Објавен трејлерот за долгоочекуваниот филм за Мерлин Монро

Нетфликс го објави трејлерот за филмот „Blonde“ заедно со неколку впечатливи фотографии од Ана де Армас во улогата на Мерлин Монро кои покажуваат значајна трансформација на актерката и голема сличност со холивудската икона.

Меѓу фотографиите објавени во Vanity Fair е и една од Ана де Армас со Адриен Броди, кој во филмот го игра сопругот на Мерлин Монро – Артур Милер.

Објавена беше и снимката од Де Армас снимена од режисерот Ендрју Доминик додека таа била покрај актерот Боби Канавале како Џо Димаџо.

Заснован на романот на Џојс Керол Оутс, Доминик го напишал и режирал филмот, кој ги спојува фактите и фикцијата за повторно да го претстави животот на големата холивудска ѕвезда, истражувајќи го јазот помеѓу приватните и јавните личности на Монро.

Филмот за Мерлин е еден од најочекуваните наслови што ќе се натпреварува на филмскиот фестивал во Венеција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e