(ВИДЕО) Новиот документарец ја разоткрива мрачната страна на „Victoria’s Secret“

По документарниот филм кој го следи подемот и падот на брендот „Abercrombie & Fitch“, пристигнува уште едно разоткривање на мрачната страна на модната индустрија.

Овојпат станува збор за документарна серија која го следи подемот и падот на културниот феномен, популарниот бренд на женска долна облека „Victoria’s Secret“ и неговата поврзаност со еден од најозлогласените личности на светот, Џефри Епстајн.

Режисерот Мет Тирнауер во провокативниот документарец открива како контроверзниот милијардер Лес Векснер (кој бил и една од клучните личности во „Abercrombie & Fitch“) создал мултимилијардерски бренд и како брендот „Victoria’s Secret“ е поврзан со Епстајн со кој Векснер одржувал блиски односи пред неговото апсење.

„Тајната на Викторија“
„Нешто друго се случуваше во ‘Victoria’s Secret’“, се слуша во трејлерот пред адвокатката Глорија Олред да изјави: „Имаше многу сериозни предупредувања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e