(ВИДЕО) Момците од „2Be“ направија преработка на големиот хит „На Велигден“

На Велики Петок, момците од „2Be“ направија преработка на најголемиот хит кој постојано се врти на радио станиците пред големиот христијански празник.

„На Велигден“ е нивниот нов ‘кавер’, снимен во домашна атмосфера, а Љупче, Тино и Синиша имаат само една порака – во здравје да го дочекаме Велигден.

Ова музичко трио веќе неколку години ја освојува јавноста со уникатните преработки на домашни и странски познати песни, а истите може да ги слушнете на нивниот Јутјуб канал.

Од „2Be“ нѝ откриваат дека изминатиов период работат на нивна авторска музика и дека наскоро ќе издадат и нешто свое.

Инаку, овој долгогодишен хит во оригиналната верзија го изведува Џина Папас Џокси. Маестралниот Тоше Поп-Симонов, Тања Станковиќ, Гон Жарновски, Перо Камиказа, Ацо Конга, Весна Додева, Славе Димитров – се само дел од македонските имиња од музичката фела кои стојат зад нумерата „На Велигден“.

Но, оваа година, покрај онаа оригиналната, уживајте и во изведбата на „2Be“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e