(ВИДЕО) Ким се расплака зборувајќи за таткото на нејзините деца

Ким Кардашијан се расплака за време на гостувањето во подкастот на Енџи Мартинез додека зборуваше за воспитувањето деца со Канје Вест, кој често е во центарот на вниманието поради скандалозното однесување.

„Кородителството е толку тешко“, рече таа, додавајќи дека прави сè за да ги заштити децата од контроверзното однесување на нивниот татко, кое вклучува бројни антисемитски изјави.

„Го имав најдобриот татко, за кого имам најубави спомени. Сакам и моите деца да го имаат тоа. Ако не знаат што се зборува или што се случува во светот, зошто треба да се справуваат со негативни работи? Дури и возрасните не се подготвени да се справат со нив“, вели Кардашијанката во подкастот.

Ким додава и дека ќе биде подготвена кога децата ќе почнат да поставуваат прашања за неговите јавни настапи. Таа нагласи дека од неа нема да слушнат ниту еден лош збор за Канје.

„Еден ден моите деца ќе ми се заблагодарат што не сум зборувала лошо за нивниот татко кога сум имала прилика“, вели таа.

Ким и Канје имаат четири деца: ќерките Норт (9) и Чикаго (4) и синовите Сент (7) и Псалм (3).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e