Во последното издание на „Вечер со Тијана“ имавте можност да го погледнете гостувањето на македонската пејачка Каролина Гочева. Уметник кој зрачи со чиста енергија и музика која го милува нашето битие, низ разноразни музички дела кои ги изведе во живо за Тијана Дапчевиќ оставија белег на музичката сцена.
скрено и отворено во интервјуто за „Вечер со Тијана“, Каролина Гочева ги изнесе своите мислења и ставови за квалитетот на денешната македонска музика.
„Никогаш немало толку лоша музика како сега. Многу малку има добра музика… Секогаш имало „шум“, но имало други работи да се чујат, да се фатиш за текст, да се фатиш за нешто. Сега е повторно некоја масовна хипер продукција и жанровите се комплетно измешани и мислам дека поп музиката полека, но сигурно изумира на овие простори затоа што е заменета за некој турбо фолк.“ – вели во интервјуто со Тијана.
Во емисијата „Вечер со Тијана“, македонската пејачка ги сподели и импресиите од брзо распродадените промотивни концерти за последниот албум „Извор“, кој имено истиот, го претстави пред нејзината публика на почетокот на оваа година.
„На „Ти не дојде“ некако публиката се разнежнуваше, плачеа, зашто е повторно многу тажна песна, а луѓето најмногу ги погодуваат тажни текстови.“ – изјави за „Вечер со Тијана“.
Темата на која не сакаше многу да зборува е љубовниот живот, кој досега се чини умешно го криеше од очите на јавноста. Откако е г-ѓа Корубин, Каролина не даде ниту изјава или интервју за медиумите, но го стои тоа кај Тијана Дапчевиќ, каде воопшто за прв пат откри детали за уметникот и саканиот сопруг Михаил Корубин.
„Убаво ми е и тоа се гледа. Се разбира да и убаво е да се споделат и некои такви убави моменти. Меѓутоа, не знам, искрено не ни мислев, не се ни оптеретував последните години со тоа да доживеам, да ми се случи таков момент. Воопшто навистина не се оптеретував и токму во тој момент се појави Михо во мојот живот.“ – изјави заљубената Каролина.
Целата емисија „Вечер со Тијана“ може да ја погледнете во видеото подолу.