Каролина Гочева воодушеви на MAC наградите со изгледот!
Македонската пејачка Каролина Гочева синоќа се појави на најголемиот музички настан во регионот, доделувањето на музичките награди (MAC), што беше нејзино прво појавување во Србија по осум години.
Синоќа Каролина ги шармираше сите со својот изглед и стајлинг. За црвениот тепих таа избра проѕирен долг фустан со длабоки шлицови и шлицови на ракавите и длабоко деколте.
-Не бев во вашите медиуми бидејќи во последните осум години правам албуми на македонски јазик и имав малку поинакви проекти. Малку се одморив од поп музиката. Но, сега подготвувам поп албум и на македонски и на српски, па верувам дека ќе ме има повеќе – изјави Каролина.