Пејачката Кајли Миног во 2005 година го откажала настапот на фестивалот „Glastonbury“ затоа што неколку денови пред концертот дознала дека има канцер на дојка.
Иако после редовните контроли ѝ било кажано дека е совршено здрава, Кајли чувствувала дека нешто не е во ред со нејзиното тело.
Одењето кај друг доктор ги потврдило нејзините сомнежи. После терапијата и борбата со канцерот, се вратила посилна од кога и да е.
Кајли Миног музички „мирувала“ три години, почекала пандемијата да се смири и на љубителите на поп и денс музиката ќе им го „подари“ новиот албум „Tension“ којшто ќе го издаде во септември 2023 година. Враќањето на кралицата на поп хитовите со песната „Padam Padam“ ги воодушеви нејзините фанови, но и оние помладите кои првпат се среќаваат со музиката на оваа австралиска музичка ѕвезда.