Младата пејачка Ивона Јо(вановиќ) денеска со голема промоција во Intermezzo Music Bar на публиката ѝ го подари својот прв музички проект (во новиот живот), насловен како „БУКВАЛНО“.
„БУКВАЛНО“ е автобиографска песна, снимена во Белград. Музиката и аранжманот се дело на српскиот продуцент и пејач Немања Антониќ, додека за текстот е заслужен Иван Вукајловиќ.
„Ивона се разликува од останатите уметници со кои јас сум работел, по тоа што како девојка, артист, изведувач од друга држава – Македонија, дојде во Србија и реши да започне кариера! Тоа е навистина многу храбро и е за почит! Ивона има перфектен српски акцент, многу убаво пее, неверојатно ја пренесува емоцијата, Србија одлично реагира на неа, а мислам дека тоа е повеќе од доволно за да ѝ предвидам одлична кариера!“, открива Немања Антониќ, автор на песната „БУКВАЛНО“.
„БУКВАЛНО сакам да ја слушнат сите жени кои некогаш се почувствувале повредено и изманипулирано од своите емотивни партнери. Сакам да ја слушнат сите луѓе кои во својот живот војуваат некакви битки“, вели Ивона.
„Со стихот Кад ти кажу лепша је после тебе Буквално – Ивона ѝ се обраќа на Ивона“, открива пејачката.
„Рефренот вели Хаос да сакријем, болече те брутално. Сите ние имаме моменти во коишто тагуваме и плачеме во себе. Сакам тоа да го нормализирам и да кажам дека е во ред. Во ред е да плачеме во себе, но не и да го чуваме. Јас тоа го пуштив, го пуштив преку текстот на БУКВАЛНО“, заклучува Ивона.