Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ го прослави својот 50 роденден со семеен ручек во нејзиниот луксузен дом. Видео од прославата таа ќе емитува во новото издание на нејзиното „Цеца шоу“ и во оваа прилика таа ги откри нејзините желби за јубилејниот роденден. Во видеото се појавија кадри и од нејзината луксузна вила, поточно базенот кој е изграден пред две години.
Ражнатовиќ ја покажа и својата витка линија облечена во едноделен црвен костим за капење, додека вежба и се капе во нејзиниот базен.