(ВИДЕО) Ева Мендес: Јас сум ѕвер, доволно е да се наежам и влакната повторно ми растат

Една од најубавите жени на светот откри дека често го бричи лицето затоа што „не може да живее со влакната“. Таа неодамна на Инстаграм започна приказна за проблемот со влакната на лицето, а потоа објави видео во кое откри како ќе се ослободи од нив бидејќи, како што вели, цел живот има проблем со влакнатоста.

Ева Мендес на својот инстаграм-профил објави видео во кое прави третман за отстранување на влакната на лицето, а некои од нејзините обожаватели беа љубопитни и ја прашаа колку често прави такви третмани.

Јас сум ѕвер, па веројатно ми треба третман секој втор ден. Влакната повторно ми растат штом ќе се наежам. Дали ме разбирате? Буквално ќе си ги избричам нозете под туш, а потоа ќе се наежам и сите мои напори се залудни, напиша Ева Мендес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e