(ВИДЕО) Емили Ратајковски емотивно за синот: Толку радост и толку болка

Емили Ратајковски со своите речиси 30 милиони следбеници одлучила да сподели интимни снимки од раѓањето на нејзиниот син – до вчера, кога малиот Силвестер наполни две години.

Манекенката објавила снимка од ултразвук, трудничките часови, но покажала и снимка од породувањето.

Во другиот дел од видеото, Емили го прикажува растењето на преслаткото момче.

„Моето прекрасно бебе оваа недела наполни 2 години и времето помина толку брзо како ова видео. Какви 2 години поминаа, Слај. Толку многу радост, толку многу болка. Толку многу лекции. Ќе направам сè за да те заштитам и твојот живот да биде прекрасен. Магично е да се биде твоја мајка. Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш“, напишала Емили со објавата која собра повеќе од половина милион допаѓања.


Многумина во коментари прашуваат што се случило со таткото на детето.

„Тој беше сериски измамник и Емили се разведе од него. На неа и на нејзиниот син не им треба таков маж во животот“, вели еден следбеник.

За потсетување, само неколку месеци откако се породи, Емили објави фотографии на кои го држи својот син во раце. Многумина тогаш ја прогласија за лоша мајка бидејќи „го држи детето како вреќа со компири“, но манекенката не обрна внимание на коментарите на хејтерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e