Видеото е приказ на светски катастрофи и наши секојдневија со кои се соочуваме.
“На крајот на овој свет” е најново дело на Весна Малинова Бабамов, а во изведба на Дани и Пеце.
Видеото е приказ на светски катастрофи и наши секојдневија со кои се соочуваме.
Во видеото се појавуваат неколку врвни музицари, како што се момците од „Conquering Lion“, Игор Џамбазов, Пере – Нокаут, Џоле Смут, Љубојна и Вера Јанковиќ кои преку свои пишани пораки се надоврзуваат како поддршка кон пораката која оваа песна ја пренесува.
“Поддршката е суштинска во време кога недостасува музика. Онаа колегијалната од взаемна почит е од особено значење“ – велат Дани и Пеце.