Дали жената на жена е волк? Македонските водителки искрено во студиото на „Нешто конкретно“.
Оваа емисија е посветенана жените, а во студиото гостинки се актуелните водителки од различни телевизии – Ведрана, Елена, Ивана и Јована.
Зошто ако жената е успешна мора да значи дека некој стои позади неа? Зошто ако има основано семејство мора да почитува посебен кодекс на облекување? Како според однесувањето на жената во јавноста се заклучува дека таа е неверна? И зошто жената по автоматизам мора да е лош возач? Зборуваме за сите овие предрасуди кои сеуште ги има во нашето општество.
Уште една новогодишна емисија со блескави гости кои зрачат со позитивна енергија, гледајте „Нешто конкретно“ со Смеже Велков.