На 17 април се роди Крстан Ражнатовиќ, вториот син на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, а по тој повод се одржа прослава во семејната вила на Дедиње.
Облечена сум во спортски, патики, фармерки, маица, за да можам да се забавувам! Голем благослов од Бога е да имам уште едно внуче, се надевам дека ќе имам десет внуци! Пресреќни сме, бебето е мед! Наликува на брат му, Жељко, крофна – изјави Цеца на почетокот на интервјуто.
Цеца откри и дека имала посебен подарок за снаата, но не сакаше да каже за што се работи.
Имам посебен подарок за снаа ми, таа не знае, сакам да биде изненадување. Крстан ќе добие безусловна љубов. Би сакале да добијат и девојче, во тој случај навистина би банкротирала. На Анастасија ѝ е жал што не може да биде со нас, чека документи, не може да ја напушти Шпанија – изјави гордата баба.
На прашањето чија е идејата Богдана да се породи на роденденот на покојниот Аркан, Цеца се насмеа.
Тоа е прекрасно, но не е ничија идеја. Не можете да му наредите на бебето кога да се роди, тоа се Божји планови. Господ сакаше да се роди на роденденот на дедо му – вели пејачката.
Во продолжение, погледнете го целото интервју со Цеца.