Анастасија Ражнатовиќ одлучи да се врати од Шпанија во Србија по тешкиот период во животот, губењето на бебето во петтиот месец од бременоста, за да биде со семејството и пријателите.
Пејачката веќе извесно време е без профил на социјалните мрежи, а не се појавува ниту на јавни настани.
Екипата на емисијата „Папарацо-лов“ успеа да ја улови младата пејачка во белградски трговски центар, каде што пазареше со нејзиниот најдобар пријател.
Ражнатовиќ беше облечена лесно и лежерно, со оглед на тоа што температурата во Белград последните денови е доста висока, а по пазарењето во придружба на возачот се врати во семејната вила на Дедиње.