(ВИДЕО) 5-минутен туторијал за убавина со Џесика Алба

Токму како и во модата, така и во бјути индустријата од сезона во сезона, акцетот е ставен на креативноста и експериментирањата со веќе постоечките фаворити.

Така, графичкиот ајлајнер се наметна како еден од трендовите кој наместо класично повлечената црта со тушот за очи, поттикнува покреативно аплицирање на овој производ.

Визажистите често го аплицираат тушот почнувајќи од средината на капакот, но и создаваат интересни облици покрај работ на трепките. Освен на модната писта, често го гледаме и на црвениот тепих каде служи како своевиден контраст во шминката и забавен начин за истакнување на очите.

Актерката која има сопствен бренд на природна козметика и која често ја гледаме на разни свечени забави, но и на црвениот тепих, е одлична гостинка во рубриката за убавина на британскиот Вог.

Со оглед на тоа дека графичкиот ајлајнер е популарен веќе неколку сезони, Џесика открива како самите да го креирате овој изглед, но и дава неколку совети кои ќе ви го олеснат нанесувањето на тушот за очи.

Погледнете го видеото и инспирирајте се за збогатување на вашата бјути рутина со овој заводлив и модерен тренд на шминкање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e